Манчестер Јунајтед е подготвен да го продаде Расмус Хојлунд доколку пристигне понуда од околу 30 милиони фунти, пренесува „Би-Би-Си“. Тоа е значително помалку од сумата што клубот ја плати за него пред две години – тогаш „црвените ѓаволи“ му платија на Аталанта 64 милиони фунти плус дополнителни осум милиони во бонуси.
Јунајтед веќе вложи 130 милиони фунти за ангажманите на Матеус Куња и Брајан Мбеумо, а се обидува да доведе уште еден напаѓач. Во игра се Бењамин Шешко, за кого се натпреваруваат со Њукасл, и Оли Ваткинс како алтернатива.
Иако неодамна постигна гол против Борнмут, Хојлунд изјави дека сака да остане на „Олд Трафорд“ и да се избори за место во тимот.
Во својата прва сезона тој постигна 16 гола, но минатата сезона беше под очекувањата, со само 10 гола на 52 настапи во сите натпреварувања. Постојат информации дека неколку клубови од Серија А се заинтересирани за него.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар направи клучен чекор кон титулата, откако Шкендија се сопна и во Кратово. Брера...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Вардар со една рака веќе го држи шампионскиот трофеј откако во 30.коло го победи...
Автор makfudbal













