Шокантна информација понуди шпанскиот весник „АС“. Велшкиот интернационалец Герет Бејл е подготвен да стави крај на фудбалската кариера. Тој е на позајмица во Тотенхем, но по завршувањето на сезоната ќе се врати во Реал Мадрид, со оглед дека има уште една година од договорот. Но, во „кралскиот клуб“ не го сакаат назад, па може да бара нов клуб по ЕВРО – или да замине во пензија.
Една од опциите е да остане и следната сезона во Тотенхем, посебно ако клубот го продаде Хари Кејн.
Сепак, „АС“ известува дека Бејл смислил идеален план за пензија. Тој би сакал да се договори со Реал да му исплати поголем дел од последната година од договорот без да игра, а потоа да замине во пензија.
Според шпанските медиуми, Бејл одамна го загуби интересот за фудбалот и е мотивиран само да игра во националниот тим. Велшанецот оваа сезона одигра 33 натпревари за Тотенхем, на кои постигна 14 погодоци и запиша три асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













