
И вториот струмички прволигаш денеска се жали на судењето. Беласица реагира на делењето на правдата на судијата Игор Иванов.
„Сакаме да им честитаме на борбеноста, упорноста и фантастичната игра на нашите фудбалери во текот на сите 90 минути и тоа против екипа претендент за шампионската титула оваа сезона, но истовремено, сакаме да го нагласиме срамното судење на првиот судија Иванов Игор, кој досуди непостоечки пенал за ФК Шкупи, додека за нашата екипа не досуди во два наврата чисти пенали. Притоа, сакаме да напоменеме дека при одлуката за пенал за ФК Шкупи, Иванов најпрво одмавна со рацете, наговестувајќи дека нема пенал, за потоа да си ја преиначи сопствената одлука без сугестија на ниту еден од неговите помошници“, истакнуваат од Беласица.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal