
На Апенините со месеци се шпекулира кој ќе биде тренерот што ќе го наследи Џенаро Гатузо на клупата на Наполи. Односот меѓу Гатузо и претседателот Аурелио де Лаурентис најверојатно нема да се подобриниту со пласман во Лигата на шампионите, па темпераментниот тренер речиси сигуирно ќе замине на крајот од оваа сезона.
Фаворит за преземање на клупата на Наполи е Лучијано Спалети, а меѓу другите кандидати се и тренерот на Специја, Винченцо Италијано, и хрватскиот стратег од Верона, Иван Јуриќ. Сепак, сега се појави интригантна приказна.
Добро информираниот „Скај Спорт Италија“ тврди дека најголемата желба на Де Лаурентис не е ништо помалку од – Масимилијано Алегри!
Откако Маурицио Сари го напушти Наполи и замина во Јувентус само неколку години по нивната голема битка за „скудетото“, Алегри би можел да го стори истото.
Де Лаурентис се чини дека е во постојан контакт со Алегри, тие се добри пријатели, а „Скај“ дури оди дотаму што тврди дека Алегри му предложил на Де Лаурентис да го избере Гатузо кога беше сменет Карло Анчелоти. Поранешниот тренер на Јувентус, исто така, наводно го советувал Де Лаурентис да не го отпушта Гатузо во јануари годинава, што се покажа како вистински потег.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Лусио заврши во болница поради изгореници
