Македонскиот репрезентативец Енис Барди постигнал договор со турскиот клуб Коњаспор и се очекува наскоро да потпише двегодишен договор. Капитенот на националниот тим доаѓа како слободен играч, а како што откриваат турските медиуми, договорот веќе е постигнат.
Годишно ќе заработува околу 700.000 евра, а ќе има и дополнителен бонус за потпис, бидејќи клубот не треба да плати отштета.
Се очекува Барди во петок да пристигне во Коња, каде што трансферот ќе биде официјализиран.
Коњаспор се обидуваше да го ангажира уште во зимскиот преоден рок, но тогаш Барди го одбра тимот на Бодрумспор.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













