Фиорентина планира да му понуди нов договор на својот најдобар стрелец Моисе Кин, откако во средината на јули истече неговата откупна клаузула од 52 милиони евра, објави „Газета дело Спорт“. Клубот сака да го награди италијанскиот напаѓач за одличната сезона и да го задржи долгорочно.
Очекувањата се дека двете страни ќе започнат преговори во наредните недели. Засега не е јасно дали новата понуда ќе вклучува нова клаузула, нејзино укинување или зголемување. Во пресметките, Фиорентина ќе се потпре и на т.н. „декрет за раст“, според кој клубовите во Италија можат да плаќаат пониски даноци за странски играчи или оние што доаѓаат од странство. Така, нето-плата од 4 милиони евра за Кин ќе чини околу 5,2 милиони евра годишно бруто, наместо речиси 8 милиони.
Ако Кин добие ваков договор, ќе стане најплатениот фудбалер во Фиорентина во ерата на сопственикот Роко Комисо, достигнувајќи го нивото на Франк Рибери од сезоната 2019/20. Во моментов, Кин заработува 2,2 милиони евра, додека најплатен е Давид де Хеа со околу 3 милиони евра.
Минатата сезона Кин одигра 32 натпревари во Серија А, постигна 19 голови и имаше три асистенции, со што беше најдобар стрелец на тимот.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal













