
Екипата на Севиља вечерва на домашен терен славеше над Валенсија со минимални 1-0 и со трите бодови се доближи до врвот од Примера и големата тројка.
Иако можеби нема реални шанси за титулата, сепак Севиља продолжува да притиска и да се надева до последен момент дека ќе успее да ја разбие монотонијата во Примера.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Мароканскиот напаѓач Јусеф Ел Незири во 66. минута откако ја стресе мрежата на Силесен.
Севиља останува на четвртото место со 74 бодови, а пред тимот од Андалузија се Реал Мадрид кој има бод повеќе, но и натпревар повеќе, Барселона со 76 бодови и водечкиот Атлетико Мадрид кој има 77 бодови и меч повеќе. До крајот од шампионатот во Шпанија остануваат уште две кола, а Севиља ќе гостува кај Виљареал и ќе затвори против Алавеш на домашен терен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal
