Connect with us

На несреќата на Роналдо нема крај: Томори му сруши рекорд за највисок скок (ВИДЕО)

Пред постигнувањето на својот гол против Јувентус, Фикајо Томори скокна на висина од 2,63 метри, поставувајќи нов рекорд во Серија А. Така, тој го надмина рекордот на Кристијано Роналдо, кој го постави минатата сезона со скокот од 2,54 метри против Сампдорија.

Томори стана е првиот Англичанец кој постигнал гол за Милан по Дејвид Бекам во јануари 2009 година. 23-годишниот дефанзивец има 19 настапи во дресот на “росонерите” оваа сезона, а на неколку од нив му беше додемена наградата за “играч на натпреварот”.

Како резултат на импресивните настапи, Милан има намера да ја активира опцијата за негово купување вредна 28,5 милиони евра, но конечната одлука ќе биде донесена на крајот на сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови