Барселона имаше сигурни два гола предност (0-2) по првото полувреме на стадионот „Сиудад де Валенсија“, но Леванте одигра блескав втор дел, стигна до реми (3-3) и го шокираше каталонскиот тим во трката за шампионската титула. Тренерот Роналд Куман, кој и самиот направи неколку грешки со замените во второто полувреме, вели дека Барселона му дозволила на противникот да живне.
„Во првото полувреме бевме одлични, имавме сигурно водство и постигнавме два гола. Но, потоа го загубивме поседот на топката, му дозволивме на Леванте да живне и бевме неенергични во одбраната. Не може да се игра на ваков начин во трка за титулата“, изјави Куман.
Каталонските медуми сепак го посочуваат Роналд Куман како еден од главните виновници за ремито и губењето на два клучни бода во трката за шампионскиот трофеј. Тој на полувремето го внесе во игра Серџи Роберто на местото на Мунгуеза, а потоа го повлече повторно пред крајот на натпреварот. Исто така, ги повлече и Гризман, Дембеле и Педри и му дозволи на Леванте да се размавне. По ова, неговата иднина на „Камп Ноу“ е несигурна и се предвидува дека ќе добие отказ на крајот од сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Тотенхем сака да го купи Мејсон Гринвуд
Евро-фудбал
Јувентус се договорил со Спалети
Интернационалци
Растодер стрелец за Тун, Столе Димитриевски бранеше за Валенсија













