
Иднината на Џанлуиџи Донарума е се уште неизвесна, но победата на Милан над Јувентус може да ги одреди следните потези на голманот. Договорот на 22-годишниот фудбалер истекува на крајот на сезоната и Јувентус е заинтересиран за обезбедување на неговите услуги како слободен агент.
Сепак, Донарума сака да игра во Лигата на шампионите следната сезона, бидејќи досега во својата кариера никогаш не играл во елитното европско натпреварување. Можната завршница на Милан во топ четири се смета како еден од клучните услови за тоа дали тој ќе остане на “Сан Сиро”.
Како резултат на тоа, победата на “росонерите” против “старата дама” може да биде одлучувачка за иднината на италијанскиот репрезентативец. Моментално, Јувентус се наоѓа на еден бод зад четвртопласираниот Наполи, додека Милан е на третото место со 72 поени.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул без Алексис Мекалистер против Њукасл
