
Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, денеска го потврди враќањето на навивачите на стадионите во Англија. Она што се најавуваше подолго време, од денес е официјално.
Датумот на враќање е 17 мај, така што последните две кола во Премиер – лигата ќе се играат пред публика. Се разбира, комплетниот капацитет на стадионот нема да биде ослободен на почетокот и ќе биде дозволено присуство до 10.000 гледачи на трибините.
Ова значи дека секој тим од Премиер – лигата ќе одигра барем по еден натпревар на крајот од сезоната пред публиката на својот стадион, бидејќи во тој период ќе останат уште две кола. Исто така се планира плеј-офот на Чемпионшип да се игра пред публика.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул без Алексис Мекалистер против Њукасл
