
Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, ќе остане на кормилото на италијанскиот калчолигаш до крајот на сезоната, објавија медиумите на Апенините. Пирло го презеде тимот минатото лето, кога го замени Маурицио Сари и ова му е прва тренерска работа. Јувентус не ги оствари очекуваните резултати оваа сезона, „бјанконерите“ не ја одбранија титулата во Серија А и на крајот од шампионатот се борат за пласман во Лигата на шампионите.
Челниците на Јувентус ќе се сретнат денеска и ќе разговараат за Пирло, но ќе му дозволат да ја заврши сезоната, бидејќи клубот нема многу опции поради густиот распоред.
Јувентус в среда ќе игра против Сасуоло, а само три дена ќе игра против новиот шампион Интер. Потоа „старата дама“ ќе игра против Аталанта во финалето на Купот на Италија на 19 мај, а во последното коло од шампионатот ќе се сретне против Болоња на 23 мај.
Јувентус во моментов е на петтото место на табелата во Серија А, со еден бод помалку од Наполи кој е на четвртата позиција, последниа што води во Лигата на шампионите. Јувентус загуби од Милан во дербито со убедливи 0-3, по што „росонерите“ се искачија на третото место на табелата во Серија А.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal