
Името на Миралем Пјаниќ е поврзано со бројни дестинации по завршувањето на оваа сезона. Тој речиси дефинитивно ќе го напушти „Камп Ноу“, а најмногу се споменуваше неговото враќање во Серија А, поточно трансферот во редовите на Интер. Сепак, во целата приказна се приклучи и арапскиот гигант Ал Наср.
Ал Наср наводно влегол во сериозни преговори со репрезентативецот на БиХ, а одредени медиуми најавуваат дека трансферот е веќе завршен. Пјаниќ им дал причина објавувајќи дека наскоро ќе дојде во таа земја.
„Едвај чекам да ги видам овие убави луѓе. Ние сме браќа“, напиша играчот за врска на Барселона, што беше причина за еуфорија меѓу навивачите на Ал Наср.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул без Алексис Мекалистер против Њукасл
