
Новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо, има листа од неколку потенцијални засилувања за тимот од Рим пред почетокот на сезоната 2021/22 во Серија А. Италијанските медиуми најавија дека Португалецот подготвува шокантен трансфер за голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа, откако шпанскиот репрезентативец се почесто е на клупата за резерви во тимот од “Олд Трафорд”.
Покрај можниот потег на Де Хеа, шпанските медиуми тврдат дека Мурињо го следи и крилниот напаѓач на Барселона, Франсиско Тринкао. Португалскиот репрезентативец е ценет на “Камп Ноу”, но и тој има проблем со малата минутажа под водство на Роналд Куман.
Барселона веројатно нема да дозволи младиот напаѓач да си замине на постојан трансфер, но доколку неговиот сонародник може да понуди одредени гаранции за улогата на првотимец во италијанската престолнина, каталонците би прифатиле да го пуштат Тринкао на позајмица.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул без Алексис Мекалистер против Њукасл
