Connect with us

Фудбалерите на Наполи ја спасуваат клупата на Гатузо?

Дел од фудбалерите на Наполи прават притисок на раководството на клубот за Џенаро Гатузо да остане на кормилото и следната сезона. Тимот од Неапол се наоѓа на четвртото место на табелата во Серија А по победата над Специја со 4-1, и се бори за место во Лигата на шампионите со Аталанта, Јувентус и со Милан.

Гатузо требаше да потпише продолжување на договорот со Наполи пред крајот на 2020 година, но неговата врска со претседателот Аурелио Де Лаурентис брзо се распадна, што значи дека италијанскиот тренер речиси сигурно ќе го напушти “Стадио Марадона” на крајот од сезоната.

Сепак, италијанските медиуми откриваат дека одредена група фудбалери на Наполи сака поранешниот играч од средниот ред да остане на клупата и следната сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови