Барселона и Атлетико Мадрид одиграа без голови на „Камп Ноу“ во пресметката која требаше да реши многу работи во трката за шампионската титула. Но, овој нерешен резултат сега му отвора шанса на Реал Мадрид со триумф над Севилја на утрешниот меч да се искачи на врвот на табелата во Ла Лига во финишот од сезоната.
Атлетико Мадрид и понатаму е првопласиран со 77 бода, Барселона се наоѓа на второто место со 75, а Реал Мадрид има 74 бода и меч помалку.
Атлетико Мадрид беше подобар ривал во првото полувреме, имаше шанси преку Караско и Суарез, но Тер Штеген успеа да одбрани. На спротивната страна, јан Облак го спречи Лео Меси да донесе водство за Барселона. Ниту во второто полувреме мрежите не се тресеа.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski