Зинедин Зидан увери дека ќе прифати доколку Реал Мадрид има друг тренер на ум, откако почнаа да кружат шпекулации за можно ангажирање на Масимилијано Алегри од следната сезона.
Иднината на Французинот е неизвесна по неочекуваното испаѓање од полуфиналето во Лигата на шампионите. Познато е дека Челси го совлада шпанскиот гигант 2-0 во реваншот откако првиот натпревар заврши без победник, 1-1.
Зидан има договор на “Сантијаго Бернабеу” до јуни 2022 година, но денес за медиумите изјави дека би можел да го напушти клубот и порано од планираното.
“Она што можам да го кажам е дека ќе ги направам работите поедноставни за клубот, бидејќи тие ми дадоа сè”, рече Зидан на прес-конференцијата. “Не сакам да му правам проблеми на Реал. Сега сум фокусиран на последните четири натпревари, а за се друго ќе видиме подоцна”.
Во меѓувреме, “Скај Спорт Италија” тврди дека “кралскиот клуб” веќе постигнал првичен договор со Масимилијано Алегри. Италијанскиот стратег е слободен агент, а претходно во кариерата имаше големи успеси со Јувентус и со Милан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













