
Челси и Манчестер Сити ќе играат во финалето на Лигата на шампионите на 29 мај, но денеска ќе имаат голема пресметка и во Премиер – лигата. „Граѓаните“ со триумф сакаат да ја прослават новата шампионска титула, а Челси не смее да загуби затоа што така ќе му остави простор на Вест Хем да се вмеша во битката за четвртото место кое носи пласман во ЛШ.
Се очекува интересен дуел на „Итихад“, а Томас Тухел верува дека Челси може да извлече добар резултат.
„Пеп и Сити се бенчмарк во Премиер – лигата, а ние треба да се потрудиме да ја намалиме таа разлика барем во текот на натпреварот, за 90 минути на „Итихад“. Одамна знам дека за да го победиш тимот на Гвардиола мора да се надминеш себеси и да ја имаш спортската среќа на своја страна. Ние имаме максимална самодоверба по пласманот во финалето на Лигата на шампионите, а сакаме да ја оствариме целта и во Премиер – лигата“, изјави Томас Тухел.
Мечот меѓу Манчестер Сити и Челси ќе се одигра на „Итихад“ со почеток во 18.30 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal