Connect with us

По допинг-суспензијата, Онана преминува во Арсенал?

Онана одлучи да не потпише нов договор со Ајакс, што значи дека е многу веројатно тој да замине од Амстердам на лето, и покрај тоа што во моментов отслужува суспензија поради допинг. Англискиот премиерлигаш Арсенал се надева дека ќе го доведе Камерунецот и е подготвен да му понуди на холандскиот тим сума од 7 милиони фунти.

Микел Артета, наводно, чувствува дека клубот може да ја искористи моменталната ситуација и да го доведе Онана за пониска цена од таа што Холанѓаните би ја барале. Инаку, за потсетување, голманот на шампионот во Ередивизие е баниран од секакви фудбалски активности бидејќи беше откриено дека во примерокот на урина, ја има забранетата супстанца „Фуросемид“.

Арбитражниот суд за спорт ќе ја сослуша неговата жалба во јуни, а пресудата треба да се објави истиот месец. Премиерлигашот ќе почека да го слушне одговорот по жалбата против суспензијата пред да испрати каква било понуда.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови