Connect with us

Барселона може да си дозволи 100 милиони евра за Нејмар

Каталонскиот гигант Барселона постигна устмен договор со Лионел Меси за продолжување на соработката за дополнителни две сезони, а условот за негово останување на „Камп Ноу“ е да бидат доведени засилувања со кои тимот би бил конкурентен за освојување на трофејот во Лигата на шампионите.

Серхио Агуеро, аргентинскиот интернационалец кој е еден од најдобрите пријатели на Меси, треба да пристигне на „Камп Ноу“ по завршувањето на сезоната, а главната цел на Хоан Лапорта е Бразилецот Нејмар. Тој е во финални преговори со ПСЖ за продолжување на соработката до 2026 година, но Барселона верува дека би можел да се премисли откако сфати дека со „светците“ многу тешко ќе успее да стигне до трофеј во ЛШ.

Барселона согледувајќи ги финаниските параметри, одреди дека највисока сума што би можела да си ја дозволи за ангажман на Нејмар изнесува околу 100 милиони евра. Дел од парите, околу 40 милиони евра, ќе бидат обезбедени со продажбата на Фелипе Кутињо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови