Пари Сен Жермен се надева дека може да возврати на „Итихад“ за поразот против Манчестер Сити во Париз, но тренерот Маурисио Покетино сериозно го мачи настапот на Килијан Мбапе. Најдобриот напаѓач на „светците“ има болки во коленото, го пропушти мечот против Ленс во француското првенство, но допатува со тимот во Англија на решавачкиот дуел за пласман во големото финале на Лигата на шампионите.
„Мбапе сам ќе си се тестира дали може да игра на утрешниот натпревар. Доколку го одработи тренингот, сигурно ќе биде во составот, тој е еден од нашите најголеми адути. Загрижен сум, но верувам дека ќе игра ако има и најмала шанса за тоа“, изјави Покетино на прес-конференцијата пред утрешниот меч.
Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити, е апсолутно уверен дека Мбапе ќе се појави во тимот на ПСЖ на утрешниот натпревар.
„Сигурен сум дека ќе игра Мбапе. Големите играчи не сакаат да пропуштат големи натпревари. Ќе биде добро да игра и за него како фудбалер, и за ПСЖ како тим и за утрешниот натпревар во целина“, изјави Гвардиола.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski