Connect with us

Реал Мадрид без Варан на реваншот со Челси, се враќа капитенот Серхио Рамос

Реал Мадрид повторно остана без дефанзивецот Рафаел Варан. Тој ќе отсуствува во наредните десетина дена поради повреда на бутниот мускул и нема да конкурира за составот на дуелот в среда против Челси на „Стемфорд бриџ“, реванш меч од полуфиналето во Лигата на шампионите.

Тренерот Зинедин Зидан по подолга пауза ќе го има на располагање капитенот Серхио Рамос, но прашање е колку тој ќе може физички да одговори на предизвикот, со оглед дека има одиграно само 12 натпревари од јануари поради проблеми со повредите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови