
Паоло Малдини јавно реагираше на средбата меѓу голманот Џанлуиџи Донарума и тифозите на Милан, најавувајќи дека сите преговори за продолжување на договорите се ставени во мирување до крајот на сезоната. Ултрасите на „росонерите“ вчера се сретнаа со Донарума, „наредувајќи“ му да не игра на големото и одлучувачко дерби за место во Лигата на шампионите против Јувентус, доколку не потпише нов договор.
„Морам да повторам дека дека никој надвор од клубот не може да одлучи кој ќе игра и кој ќе потпише нов договор. Тренерот одлучува за тоа кој ќе се појави на теренот, а клубот е задолжен за договорите”, изјави техничкиот директор на тимот од “Сан Сиро”, Паоло Малдини.
“Од овој момент, сите преговори за продолжување на тековините договори се во прекин до крајот на сезоната, со цел фудбалерите да можат да се фокусираат само на играта. Во меѓувреме, ние ќе продолжиме да ги штитиме нашите играчи како и досега.”

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија
