Станува се појасно дека Александар Коларов нема да остане во Интер по завршувањето на тековната сезона, а интерес за него покажаа Верона и Црвена Звезда. Српскиот репрезентативец ја напушти Рома за трансфер на „Џузепе Меаца” минатото лето, но тренерот Антонио Конте не стекна голема доверба во него како резултат на многуте повреди.
Според српските медиуми, Коларов ќе стане новиот играч на Црвена Звезда откако двете страни постигнале договор за соработка по неколкудневните преговори. Пред само две седмици, Коларов рече дека не се гледа себеси во својата татковина, но наводно, Дејан Станковиќ и Звездан Терзиќ успеале да го убедат да се предомисли.
35-годишниот ветеран ќе потпише договор на една сезона со опција за уште една година, и ќе зема плата од околу 600.000 евра, плус премии и бонуси.
Се вели дека решавачко било долгогодишното пријателство на искусниот дефанзивец и поранешниот репрезентативец на Србија, а сега тренер на “црвено-белите”, Дејан Станковиќ. Коларов се очекува да биде третото звучно засилување за шампионот на Србија, по Александар Драговиќ и Александар Пријовиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













