Струга Трим Лум необично ја изненади Шкендија, Ренова очекувано ја победи Беласица, а Вардар е пред бездната откако загуби од Работнички. Шкупи и со вториот „европски претендент“ ремизираше без голови.
Пелистер со триумфот над Академија Пандев обезбеди опстанок, а во Кратово поделија бодови Силекс и Борец.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 31.коло во Првата лига.
- ДАВОР ТАЛЕСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Одлично го чуваше голот, одбрани и пенал и даде полн придонес во пресвртот за триумф на Пелистер. - ТОМЕ КИТАНОВСКИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)
Репрезентативниот бек одигра квалитетен меч против Шкупи. - ЧАРЛЕСТОН (МАКЕДОНИЈА ЃП)
Дефанзивецот на „лавовите“ имаше одлично издание на дуелот против Шкупи. - РИСТЕ ИЛИЈОВСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Левиот бек постигна водечки гол за Пелистер во триумфот против Академија Пандев. - ГОРАН СИЛЈАНОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
Капитенот на Работнички постигна убав погодок против Вардар во победата од 1-3. - БУНЈАМИН ШАБАНИ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
Неуморен во средниот ред, беше одличен во организаторскиот дел, го покриваше целиот терен. - ОМАР ГОУДИЈАБИ (ПЕЛИСТЕР)
Уште еднаш покажа дека е големо засилување за Пелистер, беше незадржлив за одбраната на Академија Пандев, постигна и погодок. - ФАХРУДИН ЃУРЃЕВИЌ (РАБОТНИЧКИ)
Стрелец на гол против Вардар, се движеше одлично во нападот, отворајќи простор и за соиграчите. - НЕМАЊА БОСАНЧИЌ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
Креаторот на играта на Струга Трим Лум постигна гол и беше еден од најзабалежителните играчи во победата над шампионот Шкендија. - МАРЈАН АЛТИПАРМАКОВСКИ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
Стрелец на погодок од пенал, инспиратор на триумфот на стружани против Шкендија. - АЛЕН ЈАШАРОСКИ (РЕНОВА)
Одигра одличен натпревар против Беласица, постигна хет – трик и буквално самкот ја разби одбраната на гостите. Придонесе многу во важната победа за својот тим.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: СРЃАН ЗАХАРИЕВСКИ
Струга Трим Лум оствари неочекуван триумф против Шкендија на теренот во Гостивар. На самиот почеток, стружани го изненадија тимот на Ернест Ѓока.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement