
Шкендија одигра шампионски и по официјалното освојување на шампионската титула. Вардар тоне кон второолигашка конкуренција, Македонија ЃП оствари важна победа во трката за Европа, а Ренова извлече многу важен бод во битката за опстанок. Силекс очекувано славеше против Беласица.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим за 30.коло во Првата фудбалска лига.
- КРИСТИЈАН НАУМОВСКИ (ШКУПИ)
Го сочува голот на гостувањето кај Струга Трим Лум, влеваше сигирност во одбраната на Шкупи. - ЈАСМИН МЕЦИНОВИЌ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
Стоперот на Струга ТЛ беше бескомпромисен во дуелите, одигра одличен натпревар. - КЛИСМАН ЦАКЕ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
Уште еден одбранбен фудбалер на стружани кој ја заврши својата задача на потребното ниво - БЕСАРТ КРИВАЊЕВА (ШКУПИ)
Одбраната на Шкупи беше квалитетно поставена, а Кривањева импонираше со сигурноста. - АРМЕНД АЛИМИ (ШКЕНДИЈА)
„Моторот“ на Шкендија блескаше против Работнички, ја диктираше играта на Шкендија, а постигна и фантастичен гол од слободен удар. - ДАВИД МАНАСИЕВСКИ (СИЛЕКС)
Младиот играч за врска на Силекс покажува дека е во одлична форма, доминираше во средниот ред, а успеа да постигне и важен погодок за враќање на водството во триумфот против Беласица. - БЕНЈАМИН ДЕМИР (БЕЛАСИЦА)
Можеби и единствениот фудбалер на Беласица кој покажа пркос и квалитет на дуелот против Силекс. - РОБСОН ДА СИЛВА (МАКЕДОНИЈА ЃП)
Постигна гол кој го трасираше патот до победата на Македонија ЃП, многу важна во трката за излез во Европа. - БОБИ БОЖИНОВСКИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)
Лидерство, борбеност и реализација. Боби Божиновски одигра одличен натпревар против Пелистер. - АЛЕКСАНДАР МИШОВ (БОРЕЦ)
Стрелец на водечкиот гол за Борец во директната пресметка за опстанок против Вардар. - РУБИН ХЕБАЈ (ШКЕНДИЈА)
Постигна гол за пресврт против Работнички и беше постојана опасност кон голот на противникот.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ЕРНЕСТ ЃОКА
Го мотивираше тимот да покаже шампионска игра и по освојувањето на трофејот. Пет гола постигна Шкендија на гости и стигна до нов триумф.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement

Евро-фудбал
Лусио заврши во болница поради изгореници

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид фрли око на Душан Влаховиќ
