
Вардар ја оствари првата пролетна победа во минатото коло, но сега ќе мора да врзе неколку позитивни резултати во низа до крајот на шампионатот, затоа што и понатаму се наоѓа пред бездната. Тимот на Никола Илиевски Џиџи денеска (13 часот) го очекува тешко гостување во Велес против Борец, кој исто така има грижи околу опстанокот.
Силекс гостува кај последнопласираниот тим на Беласица, но тоа не значи и дека избраниците на Горан Симов лесно ќе ги освојат бодовите. Во Струмица има двојна програма, Академија Пандев е домаќин на Ренова, дуел кој исто така има големо значење во битката за опстанок.
Некако најмалку грижи во моментот имаат фудбалерите на Работнички и на Шкендија. „Романтичарите“ се на петтата позиција, отпаднаа од трката за Европа, а Шкендија и официјално ја освои титулата. Тоа значи дека може да се очекува интересен дуел.
„Секогаш е мотив да се надигра шампионот. Ќе го дадеме максимумот за да забележиме позитивен резултат и да се вратиме на вистински колосек по поразот од Шкупи. Верувам дека можеме да оствариме успех доколку ги исполниме поставените задачи од шефот на стручниот штаб Александар Влахо. Шкендија е квалитетен тим со одлични поединци, но се надевам дека со добра игра ќе успееме да ја реализираме нашата цел“, вели Димитар Тодоровски, фудбалерот за врска на Работнички.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
