
Битката за опстанок е највозбудлива, но финишот од шампионатот во Првата лига ќе го одбележи и трката за третата позиција која носи пласман во Европа. Македонија ЃП по поразот од Струга трим Лум во минатото коло сега со нов тренер, повратникот на клупата Александар Таневски, не смее да киксне и против Пелистер.
Но, и битолчани нема лесно да се предадат, така најавува Принц Ампонсах.
„Верувам во три бода и се надевам дека ќе оствариме победа. Тимот има добар квалитет, сите се на диспозиција, и оние кои стартуваат и фудбалерите од клупата“, вели напаѓачот на Пелистер.
Струга Трим Лум на домашен терен го пречекува Шкупи.
„Не очекува тежок натпревар што ни значи многу за тоа трето место и пласманот во Европа. Максимално сме подготвени, ќе се бориме до последната секунда за бодовите да останат во Струга”, изјави Абдулхади Јахја, фудбалерот на Струга Трим Лум.
Во Струмица, Беласица ќе го пречека Силекс, а во Велес, Борец и Вардар имаат директен дуел за опстанок.
Академија Пандев и Ренова исто така ќе имаат неизвесна пресметка за бегство од опасната зона, а Работнички на Националната арена ќе биде домаќин на новиот шампион Шкендија.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
