
Израелскиот фудбалски судија Сапир Берман соопшти дека е трансродна личност и дека отсега ќе живее и ќе ја дели правдата на стадионите како жена. Таа истакна дека добила поддршка од своето семејство, од локалната судиска асоцијација, како и од израелските и меѓународните официјални фудбалски лица.
Берман вели дека дел од фудбалерите веќе почнале да и се обраќаат како кон жена.
„Отсекогаш се доживував како жена, од најмали нозе. Сфатив дека друштвото нема да ме прифати на таков начин и живеев повлечено 26 години. Пред шест месеци одлучив да покажам која сум и го променив полот“, изјави Берман.
Таа цела деценија дели правда на фудбалските стадиони во Израел, а сега е дел од елитната дивизија во својата земја.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го купи Тер Штеген

Евро-фудбал
Гонзало Гарсија нов тренер на Хајдук Сплит

Евро-фудбал
Уапсен најголемиот нарко-дилер меѓу фудбалерите

Прва лига
Работнички го доведе Дашмир Елези
