Connect with us

ЛШ: Челси непоразен во Мадрид, финалистот ќе се решава на „Стемфорд бриџ“ (ВИДЕО)

Реал Мадрид и Челси одиграа 1-1 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Патникот во финалето ќе биде решен на реваншот на „Стемфорд бриџ“ за осум дена. Фуриозно прво полувреме и тактички мудри втори 45 минути на стадионот „Алфредо ди Стефано“. Зинедин Зидан и Томас Тухел се намудруваа, но јасно е дека битката ќе продолжи и во Лондон.

Челси тргна фуриозно, брзината на Пулишиќ и на Вернер создаде проблеми за одбраната на Реал, а американскиот крилен напаѓач ја затресе мрежата во 14.минута. По длабинската топка од Рудигер, Кристијан Пулишиќ излезе сам пред Тибо Куртоа, го заобиколи и со удар од десетина метри донесе предност за англискиот тим.

Но, потоа се разбуди Карим Бензема. Во 23.минута со удар од далечина го погоди дирекот од голот на Челси и како да најави дека набрзо ќе ја затресе мрежата. Во 29.минута, тој одлично се снајде во шеснаесетникот на гостите, ја смири топката со глава и со полуволеј успеа да го израмни резултатот.

Во второто полувреме, многу повеќе тактика и исчекување, Зидан го уфрли Еден Азар, Тухел ги внесе Каи Хаверц и Хаким Зијеч, но немаше посериозни шанси и на двете страни.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови