
Работнички утре (13 часот) на арената „Тодор Проески“ ќе го пречека тимот на Шкендија, кој во минатото коло ја прослави шампионската титула. Фудбалерот за врска Димитар Тодоровски вели дека тој и соиграчите имаат големи мотиви да се надигруваат со најдобриот тим во шампионатот.
„Секогаш е мотив да се надигра шампионот. Ќе го дадеме максимумот за да забележиме позитивен резултат и да се вратиме на вистински колосек по поразот од Шкупи. Верувам дека можеме да оствариме успех доколку ги исполниме поставените задачи од шефот на стручниот штаб Александар Влахо. Шкендија е квалитетен тим со одлични поединци, но се надевам дека со добра игра ќе успееме да ја реализираме нашата цел“, изјави Тодоровски за официјалниот сајт на клубот.
Главен судија на утрешниот натпревар ќе биде Александар Грујоски, а ќе му помагаат Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
