Connect with us

Баи: Среќен сум на „Олд Трафорд“

Ерик Баи стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед, потврдија од клубот. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска го продолжи својот престој на на „Олд Трафорд“ за уште две дополнителни години и ќе остане фудбалер на Јунајтед најмалку до 2024 година.

Баи настапи на 15 натпревари досега оваа сезона, но англиските медиуми шпекулираа дека тој не сакал да го продолжи договорот поради слабата минутажа на теренот. Сепак, тој одговори дека е среќен во клубот.

„Среќен сум што ќе останам на „Олд Трафорд“ и во наредниот период. Имав проблеми со повредите и се надевам дека во иднина ќе можам многу почесто да придонесувам за тимот на теренот“, изјави Ерик Баи.

Дефанзивецот доби понуди и од неколку шпански и италијански клубови, но неговата цел отсекогаш била да остане во редовите на „црвените ѓаволи”.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови