Connect with us

Кутињо се враќа во Ливерпул, но кај лутиот ривал?

Бразилскиот интернационалец Фелипе Кутињо на крајот од сезоната ќе си замине од Барселона. Иако има договор до 2023 година, повеќе од јасно е дека тој нема да ја продолжи кариерата на „Камп Ноу“. Најблиску е до враќање во Англија, и тоа во Ливерпул, но не во дресот на „црвените“. Кутињо би можел да стане нов играч на Евертон, најавуваат медиумите на Островот.

Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти, би сакал да го има Кутињо во тимот, смета дека одлично би се вклопил во средниот ред и би го заменил Хамес Родригез кој има намера да се врати во Шпанија. Евертон е подготвен да плати 40 милиони евра за Кутињо, а тоа е сума на која Барселона секако би се сложила.

Единствен проблем е самиот Кутињо, кој треба да процени дали сака да заигра за лутиот ривал на Ливерпул. Тој цели пет сезони играше на „Енфилд Роуд“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови