Connect with us

Нагелсман го сака Хјонг – Мин Сон во Баерн Минхен

Германскиот првак Баерн Минхен тргнува по крилниот напаѓач на Тотенхем, Хјонг – Мин Сон. Тој е една од најголемите желби на новиот тренер Џулијан Нагелсман кој од следната сезона ќе го преземе кормилото на баварскиот тим.


Баерн Минхен сака да ја искористи ситуацијата околу прекинот на преговите меѓу агентот на фудбалерот и раководството на Тотенхем и испратил порака до Јужнокореецот дека е добредојден на „Алијанц арена“ како големо засилување.


На Хјонг – Мин Сон му недостига освојување трофеи, а Баерн Минхен веројатно е најпожелниот клуб за таков развој во кариерата. Англиските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен стапил во контакт со агентот на Сон и му нуди петгодишен договор со значително повисока плата од таа што ја има во Тотенхем.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови