Францускиот првак Пари Сен Жермен е најпосакуваната дестинација на Кристијано Роналдо кој многу веројатно ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната. По пропаѓањето на идејата за Европска Суперлига за која се залагаше Андреа Ањели, јасно е дека раководството на „старата дама“ ќе го крати буџетот за следната сезона, а тоа значи и дека Роналдо ќе мора да замине со оглед дека има годишна плата од 31 милиони евра.
Јувентус би го продал и за сума од 25 милиони евра, само за да се ослободи од неговата огромна плата. Пари Сен Жермен е подготвен да го купи Португалецот, но само доколку и тој размисли за сериозно намалување на неговата заработка.
Во опција секако е и Манчестер Јунајтед, поранешниот клуб на Роналдо, кој би сакал големата ѕвезда да се врати на „Олд Трафорд“, пред се од маркетиншки причини.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski