
Челси утревечер ќе му гостува на Реал Мадрид во првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите, а менаџерот Томас Тухел истакна дека секое момче кое се занимава со фудбал има сон еден ден за игра против „кралскиот клуб“.
„Нема зошто воопшто и да прашувате за мотивацијата. Секое момче кое почнува со фудбалот има сон да игра еден ден против Реал Мадрид во големо натпреварување. Сега фудбалерите на Челси и јас како нивен менаџер сме во таква ситуација“, изјави Томас Тухел.
Потоа го нападна и новиот формат на Лигата на шампионите.
„Сите зборуваат за новата Суперлига, но никој не сака да го погледне новиот формат во Лигата на шампионите. Уште повеќе натпревари, уште омалку одмор за фудбалерите. Никој не ги прашува тренерите и фудбалерите што мислат за тоа. Згора на се, во Премиер – лигата која е најтешкото национално натпреварување имаме право само на три замени“, изјави менаџерот на Челси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го купи Тер Штеген

Евро-фудбал
Гонзало Гарсија нов тренер на Хајдук Сплит

Евро-фудбал
Уапсен најголемиот нарко-дилер меѓу фудбалерите

Прва лига
Работнички го доведе Дашмир Елези
