Connect with us

Ерик Баи останува на „Олд Трафорд“ до 2024

Дефанзивецот Ерик Баи потпиша нов договор со англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед до 2024 година, со опција за продолжување и за уште една дополнителна сезона. Тој долг период беше повреден, но успеа да се опорави и сега гледа позитивно напред.

„Отсекогаш сум се чувствувал среќно на „Олд Трафорд“ и со радост ќе продолжам да го носам дресот на Манчестер Јунајтед. Откако ја надминав повредата, се надевам дека ќе дадам полн придонес за тимот. Верувам дека заедно ќе имаме многу успеси во наредниот период“, изјави Ерик Баи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови