Connect with us

Мората за својата иднина меѓу Јуве и Атлетико: Фудбалот е бизнис…

За време на викендот, Мората го постигна својот 17-ти гол на 39 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, што само му донесе пофалби од тренерот на Јувентус, Андреа Пирло и спортскиот директор, Фабио Паратичи.

Сепак, без разлика на ова, неговата иднина во Торино е неизвесна и зависи од многу други фактори. Неодамна, шпанските медиуми објавија дека “бјанконерите” не планираат да ја искористат опцијата за откуп на договорот на Мората вреден 45 милиони евра.

Доколку тековните италијански шампиони не се одлучат на тоа, Шпанецот ќе мора да се врати во Атлетико Мадрид.

„Секој знае дека би сакал да останам тука до крајот на мојата кариера, но фудбалот е бизнис и не секогаш фудбалерите бираат што ќе се случи во иднина. Јас сум професионалец и ќе дадам сè од себе додека сум тука, среќен сум во Јуве“, изјави Мората.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови