 
																												
														
														
													Работнички загуби од Шкупи со 2-0 во 29.коло од Првата фудбалска лига. Шефот на стручниот штаб Александар Влахо не е задоволен од прикажаната игра, освен во одредени сегменти од второто полувреме. Во периодот на најдобра игра на Работнички, „романтичарите“ примија гол од прекин на игра, што и го реши натпреварот.
„Не сум задоволен од прикажаната игра, посебно од првото полувреме. На полувремето направивме некои тактички промени, во вториот дел бевме подобри, имавме и неколку шанси, поништениот гол на Марио Станковски, и можеби во периодот на наша најдобра игра примивме гол од прекин. Знаевме дека Шкупи го има најдобриот изведувач на слободни удари во лигата, ја вежбавме на тренинзите одбраната, но, сепак, потфрливме во скокот. Честитки за победата на тренерот Гоце Седлоски и фудбалерите на Шкупи. Ние испробавме и одредени позиции за некои фудбалери, да видиме дали можат да одговорат на такви барања и продолжуваме до крај да играме офанзивно и на победа до крајот на првенството. Ни следува брзо дуелот против Шкендија“, изјави шефот на стручниот штаб Александар Влахо за официјалниот сајт на клубот.
Работнички в среда ќе ја пречека Шкендија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Мбапе ја доби „Златната копачка на Европа“
 
																					Евро-фудбал
Марк Гехи е пред трансфер во Реал Мадрид
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														