 
																												
														
														
													Пелистер во пролетниот дел од сезоната игра одлично, тимот на Димитар Капинковски нанижа неколку значајни победи и го трасираше патот кон опстанокот во Првата лига. Битолскиот тим вчера оствари важен триумф над Ренова (1-0), а тренерот ги префрли заслугите за победата над „гипсарите“ кај фудбалерите.
„Секој натпревар има своја тежина. Тој пред два месеци против Ренова беше сосема поинаков од овој. Многу психички и физички тежок натпревар за играње. Бодовите беа важни и за нас и за нив, а ние се обидовме да извлечеме максимум од екипата и без неколку стандардни поединци. Фудбалерите дадоа 200% од своите можности, дадоа максимум и беа наградени со тој гол. Ренова беше подоминантна, имаше шанси, неискористен пенал, но нашата желба, нашата пожртвуваност и мотивација за победа дојде до израз и не награди со три бода и важна победа“, изјави Капинковски.
За натпреварот против Македонија Ѓорче Петров во среда во Скопје во тимот се враќа Христијан Николовски, кој не настапи против Ренова заради акумулација на жолти картони.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Мбапе ја доби „Златната копачка на Европа“
 
																					Евро-фудбал
Марк Гехи е пред трансфер во Реал Мадрид
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														