Фудбалската федерација на Македонија информираше дека претседателот Муамед Сејдини е позитивен на Ковид-19. Сејдини почувствувал симптоми во петокот, а вчера позитивен резултат на тестирањето во Скопје.
Претседателот е во карантин и воопшто не беше на натпреварот против Лихтенштајн.
Објавата за позитивниот тест на Сејдини дојде многу кратко по прес – конференцијата на која селекторот Игор Ангеловски истакна дека во петокот го повикал Сејдини на разговор со репрезентативците, но тој не дошол.
По позитивниот тест на Муамед Сејдини, многу е веројатноста дека Македонија во најтесен состав, претставувана само од фудбалерите, стручниот штаб и медицинскиот тим, ќе замине на гостувањето во Дуисбург против Германија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski