
Единствениот кандидат за нов претседател на ФФМ на Изборното собрание, Муамед Сејдини, се заблагодари на фудбалската репрезентација за историскиот пласман на Европското првенство, потенцираше дека тоа е историско достигнување, им се заблагодари на пријателите на поддршката, но исто така им порача и на непријателите дека го мотивираат да биде уште поуспешен.
„Во година кога Македонија се радува на историски пласман на Европско првенство, би сакал уште еднаш да се заблагодарам на фудбалската репрезентација, секако упатувам благодарност и до сите пријатели, добронамерни луѓе и институции кои го поддржаа и помогнаа патот кон успехот. Велат, за да бидеш успешен потребни се пријатели, но за да бидеш уште поуспешен потребни се непријатели. Тие те мотивираат да работиш уште понапорно и да докажеш дека успехот е вистински и темелен. Се појавија напади дека Фудбалската федерација на Македонија работи во некоја сива зона, но вистината не е таква, вложуваме максимални напори за се да функционира беспрекорно“, изјави Муамед Сејдини.
Собранието на ФФМ го усвои ревизорскиот извештај, како и завршната финансиска сметка за минатата година, со сите 52 гласа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!

Евро-фудбал
Ханси Флик: Верувавме во победата до самиот крај
