Агенцијата за млади и спорт нема да ги признае изборното собрание на Фудбалската федерација на Македонија закажано за утре. Во соопштение од АМС велат дека ФФМ и покрај бројните укажувања продолжила да работи спортивно на законот за спорт и Агенцијата како надлежно тело за спорведување на регулативата во спортот смета дека ваквото изборно собрание ќе биде надвор од прописите.
„Почитувани, Ја известуваме јавноста дека Агенцијата за млади и спорт нема да ги признае резултатите од Изборното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) коешто ќе се одржи утре и нема да учествува со свој претставник. АМС како единствено владино тело коешто е надлежно за работите од областа на спортот и вршење надзор над спроведувањето на одредбите од Законот за спорт, веќе подолго време бара усогласување со Законот за спорт, а ФФМ и покрај бројните укажувања, продолжува да функционира спротивно на законот и позитивното право во државата. ФФМ подолг период ги игнорира и одлуките на надлежните институции и продолжува со непочитувањето на Законот за спорт и покрај инистирањето на АМС. Иако се покренатите институционални и судски постапки, ФФМ продолжува да функционира и да делува спротивно на Законот за спорт и позитивното право во државата. Имајќи предвид дека мандатите на делегатите, комисијата за избори, претседателот и членовите на УО на ФФМ, истекуваат на 17.02.2021 година, АМС известува дека нема да биде признаен незаконски избор на делегати од ОФС, како и избор на тела во ФФМ. Законот за спорт важи за сите подеднакво и сите учесници се должни да го почитуваат. Имаме поддршка од поголемиот број на клубовите од прва и втора лига за доследно почитување и примена на Законот за спорт. Напредокот на спортот е возможен само со заеднички напори и почитување на законските регулативи“, стои во соопштението од Агенцијата за млади и спорт.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski