Connect with us

Академија Пандев бара бодови за спас, Македонија ЃП знае дека мора подобро

Александар Васоски успеа да го сопре Шкупи во Скопје и изјави дека тоа треба да им даде дополнителен мотив на фудбалерите на Академија Пандев да продолжат со добри игри во битката за опстанок. Денеска (14 часот) неговите избраници го пречекуваат составот на Македонија ЃП. Ќе биде тоа интересно тренерско надмудрување на Васоски со Жикица Тасевски. 

„Задоволен сум како одигравме против Шкупи. Заслуживме бод со играта и со максималното залагање и тоа треба да не стимулира да продолжиме во ист ритам и на наредните натпревари“, изјави Васоски. 

Жикица Тасевски и Македонија ЃП ја стартуваа пролетта со две ремија. Освоија важен бод на гостувањето во Струга, а потоа се чини дека потфрлија дома против Борец играјќи 0-0. Во Струмица ќе имаат можност да покажат дека нападот и не е „тенок“ за пролетниот дел од првенството. 

Борец ќе се обиде да ја совлада Беласица и да покаже дека сепак турбуленциите во зимскиот преоден рок не оставиле преголема трага. 

Силекс во Кратово го пречекува Шкупи, а Струга Трим Лум ќе биде домаќин на Пелистер. Ренова по двата порази сака триумф против Вардар. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови