Шкупи го пречекува актуелниот освојувач, тимот на Академија Пандев, на Чаир во првиот четвртфинален меч од Купот на Македонија. Составот на Ќатип Османи посакува победа без да се тресе нивната мрежа.
„Сериозно му пристапивме на националниот Куп и сакаме да стигнеме што подалеку во ова натпреварување. Првиот меч го играме на домашен терен, пред нашите верни навивачи, што сигурно ќе ни биде дополнителен мотив. Целта е да стигнеме до победа, но и да не примиме гол, со што би си ги зголемиле шансите за пласман во полуфиналето“, вели фудбалерот на Шкупи, Сабит Билали.
Актуелниот првак Шкендија го пречекува Работнички во Тетово. Тренерот Ернест Ѓока ќе им даде одмор на дел од фудбалерите, најавено е отсуството на најдобриот стрелец Бесарт Ибраими, но тоа не значи и дека тетовци не планираат триумф. „Романтичарите“ сакаат да сторат нешто повеќе во Купот оваа сезона, откако им тргна лошо во шампионатот.
Струга Трим Лум на домашен терен ќе ја пречека Ренова и сака да оствари позитивен резултат за историски пласман меѓу четирите најдобри.
Брегалница под рефлектори ќе го пречека тимот на Лабуништа. Второлигашката пресметка привлекува големо внимание, а еден од двата тима да влезе во најтесната завршница од куп-натпреварувањето. Штипјани најавуваат победа на првиот меч со помош на публиката.
КУП, ЧЕТВРТФИНАЛЕ (прв меч) 13 ч.
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ
ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – РЕНОВА
БРЕГАЛНИЦА – ЛАБУНИШТА (16.30 ч.)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва













