Connect with us

Признанија од ФФМ, Вардар и Шкендија за „пензионирањето“ на судијата Марјан Кировски (ФОТО)

По 27 години една успешна судиска кариера на денешниот дерби меч во последното есенско коло од Првата лига на Македонија меѓу Шкендија и Вардар, Марјан Кировски го имаше последниот свој натпревар… Согласно судиските правила, со наполнети 45 години повеќе не може да биде активен судија на официјалните натпревари, па на убав начин со дерби пресметката во македонскиот шампионат го означи својот судиски крај на теренот.

Токму затоа Кировски пред почетокот на мечот доби пригодни признанија од ФФМ и од двата клуба, а на крајот од натпреварот фудбалерите на двата тима со шпалир и аплаузи му го честитаа на еден од најдобрите македонски судии „пензионирањето“…

За Марјан Кировски ова беше 1023 натпревар на зелениот терен, кој сигурно долго ќе го памети како последен, како и оној првиот во Ергеле. За овие 27 години Марјан Кировски ги има запишано сите натпревари на кои тој бил главен судија, а потоа како асистент судија. Во Градската лига на Скопје и младинските 104 натпревари, во Првата и Втората лига на Македонија на 813, на меѓународната сцена 106.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови