
Фудбалската репрезентација на Македонија ќе го пречека Косово на арената „Тодор Проески“ во Скопје на 26 март, во полуфиналето од плејофот за пласман на ЕВРО 2020 преку Лигата на нации. Ова денеска беше и официјално потврдено од Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија. Мечот е закажан за 26. март од 20.45 часот. Победникот од ова полуфинале ќе оди на гостување во Грузија или во Белорусија, кај победникот од втората полуфинална пресметка од плејофот во Лигата Д.
„УО на ФФМ донесе одлука натпреварот Македонија – Косово од полуфиналето во Лига на Нации да се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Плеј-оф натпреварот меѓу македонската А репрезентација и селекцијата на Косово се игра на 26. март 2020. година. Со официјален допис, ФФМ ќе ја извести и УЕФА за местото на одигрување на натпреварот“, објави ФФМ на официјалниот сајт.
Исто така донесена е одлука А-тимот да подели премија од вкупно 50.000 евра.
„УО на ФФМ донесе одлука за исплата на премија од 50.000 евра како парична награда за фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата за настапот на македонската селекција во квалификациите за ЕВРО 2020“, истакнуваат од ФФМ.
УО на ФФМ ги усвои извештаите за работа на младинските национални тимови, почнувајќи од репрезентацијата до 15 години до македонската репрезентација до 21 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Фенербахче сака да го купи Адемола Лукман

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
