Connect with us

Муслиу е број 1 во мак-фудбалот за сезоната 2018/19

Висар Муслиу е главен лауреат на свечената церемонија што се одржа во организација на Фудбалската Федерација на Македонија, за избор на најдоброто од мак-фудбалот за изминатата сезона.

Екс-фудбалерот на Шкендија, сега член на унгарски МОЛ Види, сосема заслужено стигна до големото признание по одличните игри што ги имаше во текот на целата сезона. Муслиу ја прими наградата од Бобан Милевски, кој му беше селектор на овој фудбалер во младинската селекција која оствари историски пласман на европското првенство.
„Благодарност до моите соиграчи и тренери, до кормиларот Ќатип Османи со кого стигнавме до титулата во Шкендија. Горд сум на оваа награда, што ќе ми биде мотив повеќе за во иднина. Искрено се надевам на пласман на ЕП 2020 со македонската репрезентација. Сега е наше време“ – порача Муслиу.

 
ЛИСТА НА ЛАУРЕАТИ
Најдобар стрелец во женски фудбал: Ели Јаковска (ЖФК Истатов)
Најдобар фудбалер во женски фудбал: Ленче Андреевска (ЖФК Драгон)
Најдобар тренер во женски фудбал: Илија Мандаров (ЖФК Драгон)
Најдобар фудбалер во младински фудбал: Џемаил Ибиши (Вардар)
Најдобар стрелец во младински фудбал: Флорент Рамадани (Шкендија)
Најдобар клуб во младински фудбал: ФК Шкендија
Најдобар тренер во младински фудбал: Филип Деспотовски (ФК Вардар)
Најдобар играч во футсал: Талант Исмаили (КМФ Шкупи)
Најдобар тренер во футсал: Зоран Лекиќ
Признанија за исклучителен придонес за развојот на мак-фудбалот: Алтрим Чура (Струга Трим Лум), Кочо Анѓушев (Борец)
Најдобар судија во мак-фудбалот: Марјан Гоцевски
Фер-плеј екипа: Академија Пандев
Најдобар стрелец во ПМФЛ за сезона 2018/19: Влатко Стојановски (Ренова)
Најдобар фудбалер во ПМФЛ: Висар Муслиу
Најдобар тренер во ПМФЛ: Југослав Тренчовски (Ак. Пандев)
Награда за посебен придонес за афирмација на македонскиот фудбал: Ива Пројковска
Награда за посебен придонес за афирмација на македонскиот фудбал: ФК Дарданет
Награда за посебен придонес за афирмација на македонскиот фудбал: Љупчо Перински
Награда за животно дело: Атанас Костовски

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови