
Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА преку „Хет-Трик“ програмата за развој на фудбалската инфраструктура го претставува идејното решение за западната трибина на Градскиот стадион во Штип.
Новиот стадион нe само што ќе стане пристоен дом за штипската гордост, ФК Брегалница, туку би бил и прилика за македонската репрезентација да биде домаќин на важни квалификациски натпревари.
Во проектот финансиран од Фудбалската федерација на Македонија предвидено е западната трибина да има капацитет од 2.000 седишта, ВИП ложа и ресторан, простор за медиуми и за лица со инвалититет, а во подтрибинскиот простор соблекувални и простории за службени лица по стандардите на УЕФА и ФИФА.
Исто така, ФФМ со средства од “Хет-трик” програмата на УЕФА го финансираше поставувањето на целосно нова тревна подлога (тревни бусени) со модерен дренажен и систем за наводнувањена стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп, а постави и целосно ново рефлекторско осветлување.
Во тек се градежни активности и изградба на нова трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, a после 30 години, Градскиот стадион во Кавадарци ќе добие потполно нова слика. ФФМ целосно реконструира две трибини (јужна и источна), а со кровна конструкција ќе биде покриена јужната трибина.
Во најскоро време, целосно ќе се заврши и ќе биде пуштена во употреба новата трибина на стадионот во Чаир, потоа целосно ќе го заврши и новиот терен на стадионот на ФК Ренова во Џепчиште. Еден од покрупните проекти кој се очекува да се финализира е стадионот „под Тумбе кафе“ во Битола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија

Евро-фудбал
Дембеле поради повреда нема да игра два месеци?

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана
