
Силекс им се придружи на екипите на Академија Пандев, Струга Трим Лум и на Македонија ЃП како патник во полуфиналето на Купот на Македонија. По изведување пенали, Силекс во Кратово ја елиминира фаворизираната Шкендија.
Во регуларниот тек мечот заврши без голови, а по изведување пенали Силекс славеше со 4-2. Енур Тотре и Бесарт Ибраими не реализираа пенали за составот од Тетово кој останува без завршница во Купот на Македонија. Голманот Горан Трајковски е херојот на Силекс, успеа да одбрани два удари од белата точка.
Шкендија најдобрата шанса во текот на натпреварот ја имаше преку Нафиу пред крајот на првиот дел, но сепак, Трајковски остана несовладан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski